Граѓаните ќе може да се исклучат од системот за парно, ако докажат дека ќе се греат поефикасно

Среда, 29 Јануари 2020 15:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Секој граѓанин приклучен на парно греење ќе има можност да се исклучи само доколку системот што ќе го користи во иднина е енергетски ефикасен. Ова ќе биде дел од Предлог-законот за енергетска ефикасност што денеска како амандман беше прифатен на собраниската Комисија за европски прашања.

Амандманот го поднесе претседателот на Комисијата Артан Груби, а беше прифатен од министерот за економија Крешник Бектеши.
Граѓаниот ќе треба да обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење или ладење од мнозинството од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно Законот за домување.

– Во насока на обезбедување на чист воздух, а истовремено примена на мерки за енергетска ефикасност во иднина нема да има нерационални исклучувања од системот за топлинска енергија, велат од Министерството за економија.