Пратениците ќе расправаат за енормното загадување на воздухот

Вторник, 14 Јануари 2020 08:10 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

На собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска на дневен ред е расправа по Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во државата, поднесена од 16 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Над 3.500 лица во државава годишно умираат како резултат на загадениот воздух и сме меѓу првите на листата каде што се скратува животниот век на граѓаните поради преголемата загаденост. Според Индексот на квалитет на воздухот, највисоко ниво на загаденост со честички ПМ 10 и ПМ 2.5 каде што има мерни станици се Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Кавадарци, Струмица и Куманово. Според СЗО смртноста од последиците од загадениот воздух е над 130 лица на 100.000 жители, двојно повисока од европскиот просек кој е 60 прерани смртни случаи  на 100.000 жители“, се наведува во информацијата од пратениците.

Пратениците од опозицијата велат и дека во земјава се увезуваат поголеми количини на отпад. Во 2018 година биле увезени 21.167 тони отпад додека во 2014 година346 тони отпат. 

Целосната информација за загадувањето може да ја прочитате на следниот линк.