Заглави собраниската процедура за поништување на лустрацијата

Вторник, 14 Јануари 2020 07:29 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Заглави собраниската процедура за носење на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките на Комисијата за лустрација, бидејќи на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците немаше кворум за работа.

ВМРО-ДПМНЕ, но и владините ДУИ и Демократската партија на Турците не учествуваа во работата на комисијата.

Опозицијата претходно се изјасни дека нема да го поддржи овој закон, бидејки Македонија ќе остане единствена држава во југоисточна Европа што не спровела лустрација против оние кои од политички и материјални побуди соработувале со тајните служби.

Законот за лутстрација со воведување на дополнителен услов за вршење на јавна функција беше донесен со поддршка на сите политички партии во 2008 година, а потоа неколку пати беше менуван. Престана да важи во 2015 година.

Предлог-законот со кој се поништува лустрацијата беше утврден на седница на Влада минатата година во декември. Со овој акт треба се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи. Лустрираните ќе имаат право и на обештетување од страна на државата.

Последен пат изменето на Вторник, 14 Јануари 2020 07:44