Почнува поништувањето на лустрацијата

Понеделник, 13 Јануари 2020 10:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Поништувањето на лустрацијата легислативно почнува од денеска со ставање на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот е испратен од Владата, каде што беше утврден на седница минатата година во декември. Со овој акт се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи. Лустрираните ќе имаат право и на обештетување од страна на државата.

За овој закон Владата тврди дека е дел од реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста. Комисијата за лустрација за шест години за кодоши фактички прогласи околу 200 лица.