Дуковски: Доколку не се донесе законот, канабисот ќе го истуриме или пред Влада или пред ВМРО-ДПМНЕ

Понеделник, 13 Јануари 2020 09:14 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Со законот се регулира и конопот, се регулираат многу други дејствија кои му даваат на министерот овластување да ги донесе и другите подзаконски акти кои се есенцијално битни за да се види бенефитот од оваа индустрија. Штетно е ако не се донесе овој закон, вели Костадин Дуковски од Макканабис за Утрински Брифинг. 

- Одбивањето на предлог законот за дроги од страна на ВМРО-ДПМНЕ е штетно за економијата – смета Дуковски.

На прашањето какви ќе бидат следните чекори Дуковски за Утрински брифинг рече дека иако првично било на шега кажано дека ќе го истурат канабисот пред влада, сепак можно е тоа да се случи – или пред влада или пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, додава Дуковски.

Оваа реакција следува по собраниската дискусија за измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со кои се предлага производителите на канабис да може да го извезуваат сув цветот од ова растение, што сега е забрането. Дискусијата на собраниската комисијат траеше четири часа, а ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка.

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Јануари 2020 09:43