Во октомври 68,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство

Среда, 25 Декември 2019 14:59 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во октомври годинава во земјава вкупно се потрошени 570.138 мегават часови електрична енергија, 20,245 милиони нормални кубни метри гас, 430.426 тони јаглен и 96.232 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 68,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 92,6 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.