Од следната недела во функција нов национален портал за електронски услуги

Петок, 06 Декември 2019 09:08 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Дигитализација на клучните регистри на институциите и развој на дополнителни 120 електронски услуги се дел од активностите што ги најавува Министерството за информатичко општество и администрација за следната година.

– За мене најважен дел за реформата на јавната администрација е дигитализацијата. Годинава веќе имаме конкретни и видливи резултати. Го пуштивме во употреба централниот регистар на население, веќе го имаме новиот портал на отворени податоци, а следната недела ќе го промовираме новиот национален портал за електронски услуги – изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој денеска присуствуваше на конференција посветена на идните предизвици на Стратегијата за реформа на јавната администрација во чии рамки го потпиша и меморандумот за понатамошна соработка со ОБСЕ.

Во конференцијата беа анализирани сите досегашни активности преземени согласно стратегијата, како и новите мерки од акциониот план за спроведување на реформата во јавната администрација.