Истече солна киселина во околината на МЗТ фабриката

Понеделник, 02 Декември 2019 09:19 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Синоќа Инспекторатот на Град Скопје информираше дека интервенирале во околината на фабриката МЗТ, од каде истекла солна киселина од цистерна.

Од Инспекторатот на Град Скопје информираа дека синоќа најпрво била забележана непријатна миризба во околината на фабриката, при што интервенирале дежурните екипи на Инспекторатот и го пронашле сторителот.

„По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи Инспекторат на град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување“, соопштија од Инспекторат на Град Скопје.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 02 Декември 2019 10:28