ДЗС: Намален бројот на работници во индустријата

Понеделник, 02 Декември 2019 07:56 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 97.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пад од 3.4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2.2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2.4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 98.6.