Награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатија

Понеделник, 02 Декември 2019 07:35 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Министерството за економија и Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата денеска ќе ја доделат Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

На церемонијата ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши. Цел на Нaградата е да се поттикне воведувањето и натамошното унапредување на општествената одговорност кај македонските претпријатијата и да се промовираат нивните позитивни практики на општествено одговорно делување.

Наградата годинава се доделува по 12 пат, за проекти и практики реализирани во периодот од 1 јуни 2018 до 1јуни 2019 година. Оваа година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија.