СОНК го стави штрајкот во мирување

Четврток, 07 Ноември 2019 15:01 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Советот на СОНК денеска донесе одлука да го стави во мирување генералниот штрајк најавен за во понеделник. на денешниот состанок во просоториите на СОНК  дојде министерот за образование Арбр Адеми. По кратката консултација СОНК соопшти дека го става штрајкот во мирување, до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.

Министерот за образование и наука рече дека тие се залагаат за подобрување на материјалниот и на социјалниот статус на вработените во образованието. Верува дека ќе се донесе решение што ќе ги задоволи двете страни. За таа цел, министертвата за образование и за финансии сега работат на обезбедување сретства за покачување на платите од јануари, потенцира министерот.

На влада веќе помина информација за покачување на платите за 10 отсто од 1 април. 

-Сега дискутираме за покачување на платите од 01. јануари. И ова поместување во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме - рече министерот Адеми.

Последен пат изменето на Четврток, 07 Ноември 2019 15:10