Рашковски: Граѓаните ќе имаат 0 денари трошоци за спасување со хеликоптер

Четврток, 07 Ноември 2019 07:56 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Државата и граѓаните немаат да плаќаат ниту денар доколку им е потребно спасување со хеликоптер, рече генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски објаснувјќи со договорот за јавното-приватно партнерство склучено со компанијата „СХЏ Свидиш конзорциум“ која на тендер беше избрана за давање услиги со хеликоптери во случај на пожари, кризи или некоја друга состојба во која пациентите не може да добијат здравствена помош на друг начин.

- Покрај тоа што државата и граѓаните ќе немаат никакви трошоци и обврски, по истекувањето на договорот кој со важност од 8 години, двата хеликоптери со целата опрема, како и изградените хелиодроми ќе останат во сопственост на државата. Исто така компанијата кој го доби тендерот на државата ќе и исплаќа секоја година по 10.000 евра – истакна генералниот секретар.

За  Рашковски нема ништо спорно што фирмата што го доби тендерот „САРХЕМС“, е формирана 24 дена пред да биде избрана. Тој тоа го оправда со тоа што споменатата фирма е застапувана од друг економски оператор кој имал искуство во вакви случаи.

Тој потенцираше дека државата нема ресурси и не треба да троши ресурси за нешто што може да го добие од приватен партнер. Во огласот кој бил објавен е дефинирано дека понудувачот треба да поседува 2 хеликоптери за САР и ХЕМ, а станува збор за стандарди кои се воведени на светско ниво. Според буџетскиот циркулар за оваа информација стои дека трошоците врз буџетот е 0 денари, другата спомената сума во медиумите е обврска која што ќе ја има јавниот приватен партнер, освен тоа што ќе и обезбеди 8 локации (државно земјиште) каде што ќе бидат изградени хелиодромите. На јавниот повик се јавиле 8 компании, од кои 5 платиле 100 евра за да ја добијат тендерската документацијата, поради строгите критериуми и барањата од Владата се да биде бесплатно за граѓаните, само една компанија доставила понуда. Според договорот кој се уште не е потпишан, а се очекува тоа да се случи во скоро време, компанијата има обврска од рок од шест месеци да почне да ги нуди ветените услуги.

Обврската на „САРХЕМС“ е да инвестира по 9 милиони евра годишно во својот бизнис во Македонија со хеликоптерскиот медицински тим за спасување.

 

Последен пат изменето на Четврток, 07 Ноември 2019 08:08