Владата не го усвои предлог буџетот за 2020 година,

Четврток, 07 Ноември 2019 07:28 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата не го усвои предлог буџетот за 2020 година кој вчера се разгледуваше на владина седница, иако тој до сега веќе требаше да биде доставен до пратениците. Според неофицијалните информации оставена е уште една недела за барањата на министерствата да се усогласат со реалните можности.

Колку ќе тежи државната каса, односно колку пари ќе се соберат од граѓаните и бизнисот и за што конкретно ќе се трошат, никој не открива.

Премиерот Зоран Заев вети зголемување на пензиите за наредната година, 10 проценти раст на платите на просветните работници, а  вети и зголемени плати на лекарите специјалисти за да се приближат до 100.000 денари месечно. Потоа субвенции за придонесите за раст на платите во приватниот сектор, уште еден раст на минималната олата до година, која од декември треба да изнесува 14.500 денари. Уште поголема финансиска поддршка за бизнисот. 

Опозицијата обвинува дека владата доцни со усвојување на буџетот.

Според информации следната година е планирано да се потрошат 946 милиони евра или 68 милиони евра повеќе од годинава. Фондот за пензиско откри дека толку проектирал за во 2020 година, сума која треба да ја одобри Владата. Проекцијата е правена врз основа на двете усогласување направени според трошоците на живот и растот на економијата. 

Последен пат изменето на Четврток, 07 Ноември 2019 07:40