Град Скопје во акција, ќе ги блокира должниците за 2018 година

Среда, 06 Ноември 2019 15:13 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Град Скопје информира дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004….23/2016), ja почнa постапката за присилна наплата, на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa.

Оттаму велат дека ќе почнат со доставување опомени, по кои следуваа изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје. Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15.11.2019 година, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

„Укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски“, се вели во соопштението.

Последен пат изменето на Среда, 06 Ноември 2019 15:18