Безмалку една четвртина од населението во земјава живее до влабока сиромаштија

Четврток, 31 Октомври 2019 14:54 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Ова е Дехар. Со години собира пластика за да го прехрани семејството и неговото дете да може да оди во училиште. Неговата сопруга не работи.  Социјална помош не може да добие – бидејќи нема комплетна документација. 

Дехар е само еден од 455 100 луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија во Македонија, а нивниот број за една година е намален за 5.200 луѓе. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика – минатата година стапката на сиромаштија во земјава изнесувала 21,9 отсто, што е незначително намалување во однос на претходната година кога изнесувала 22,2 отсто.

Анализата на податоците покажува дека стапката на сиромаштија е најголема кај повеќедетните семејства. Односно, дури 50,2 отсто од семејставата со двајца возрасни и три или повеќе деца живеат во длабока сиромаштија. Висока стапка на сиромаштија има и кај самохраните  родители со издржувани деца, која изнесува 33,5 отсто,  но бележи тренд на намалување во изминатите години. Најмала е сиромшатијата кај лицата кои живеат сами бз разлика на возраста и кај домашинствата каде сите се возрасни и нема издржувани деца. Стапката на сиромаштија кај домаќинствата со двајца возрасни и едно дете изнесува 18,,4 отсто.

Инаку, стапката на сиромаштија кај пензионерите изнесува 7,9 отсто а кај вработените 8,8 отсто. Најголема е стапката на сиромаштија кај невработените и неактивните лица, како што е нашиот соговорник Дехар кој нема работа а вели дека ако му биде понудена нема да ја одбие.  

Владата најави мерки со кои ќе се намали нееднаковоста во земјата. Дел од мерките беа преземени, но за дел од нив се размислува дали и натаму ќе останат на сила, како што е прогресивното оданочување. А податоците покажуваат дека нееднаквата распредлба на приходите во земјава има стапка од 31,9 отсто и во изминатите две години има тренд на намалување.