Пазарџиите ќе мора да работат со лиценца од која било стопанска комора

Вторник, 22 Октомври 2019 12:54 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата останува на ставот пазарџиите да поседуваат лиценци за работа, но двете страни се обидуваат да постигнат договор за ново законско решение за работењето на пазарџиите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

 

Според се уште актуелниот закон предвидува пазарџиите од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедува едно здружение, додека со новото законско решение, според Бектеши, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори.

– Тоа нема да опстои како решение предложено пред една година. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни за да најдеме решение – рече тој.