Во Македонија нема случаи на африканска свинска чума, но превентивните мерки се уште на сила

Среда, 02 Октомври 2019 13:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во соседна Бугарија допрва почнува акција за масовен отстрел на дивите свињи откако имаат потврдени  65 жаришта со африканска свинска чума кај диви свињи како и во 33 мали фарми и во 7 огромни свињарски фарми. 

Кај нас иако ја почнавме работата спротивно на Бугарија, сепак превентивните мерки засега имаат слаба реализација. Ловџиите досега имаат отстрелано и на испитување донесено мостри од 270 диви свињи иако владата им даде обврска да отсрелаат 3 до 4 илјади односно половина од вкупната популација.

Од агенцијата за храна и ветеринарство укажуваат дека до 30 ноември ќе важи можноста за малите семејни фарми кои немаат биосигурносни мерки да ги заколат свињите да си го земат месото и од државата да добијат дополнително по 50 евра од грло субвенција.  

Досега во Бугарија имаа заклано околу 150 илајди свињи што е приближно на нивото на производство на свињи во Македонија во еден годишен турнус.

Агенцијата за храна со Бугарскиот центар за проценка на ризик со храна, потпишаа меморандум за соработка со кој земјава ќе се вклучи во меѓународните проекти и ќе добие експертска помош.