Исплатени субвенции за органско производство

Среда, 02 Октомври 2019 13:10 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Близу 82,7 милиони денари денеска легнаа на смегткит на 638 производители на органски производи, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Станува збор за исплата на пари за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 Органско производство“.

Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни.