Земјоделците задоволни од родот на компир годинава

Среда, 02 Октомври 2019 13:08 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Земјоделските производители од Пијанец, задоволни од овогодишната реколта на компирот, кој годинава како што велат производителите, поради поволните временски услови, е со зголемен принос. Ѓорѓи Спасев од делчевското село Град, годинава бележи принос, кој тежи близу еден тон, што според него покажува дека родот бил добар.

-Компирот го садиме на неколку места и речиси секаде е со натпросечен принос. Имавме очекувања, годинава компирот исклучиво да биде за домашна употреба, но поради огромниот род, дел од реколтата ќе мора да ја продадеме, вечи Спасев.
 
Освен количински, додава Спасев, задоволува и квалитетот на компирот кој ќе ја подигне и цената при продажбата.
 
-За цената уште не знаеме како ќе се движи, но нашата понуда до трговците ќе биде околу 12 денари за килограм. Квалитетот навистина задоволува и сметаме дека, таа е реалната цена во овој момент за оваа градинарска култура, додава Спасев.
 
Компирот како земјоделска култура на полињата во село Град е застапен на површина од околу 50 хектари и е една од најзастапените култури во делчевско.
 
Освен компирот, годинава производителите можат да се пофалат и со добар род на пченка. Бербата на пченка веќе е во тек и се очекува да заврши до крајот на месец октомври.