КАДЕ ЖИВЕЕ НИНА? Нема стан, нема кола, ама има 300.000 евра на сметка

Вторник, 01 Октомври 2019 12:53 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Според објавата на Антикорупциската комисија, Ангеловска поседува две канцеларии со вкупна површина од 16 квадратни метри со вредност од околу 4 милиони денари.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во својот анкетен лист пријавила дека поседува недвижен имот, акции и депозити во банки.

Според објавата на Антикорупциската комисија, Ангеловска поседува две канцеларии со вкупна површина од 16 квадратни метри со вредност од околу 4 милиони денари.

Министерката пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012 година, како и банкарски депозит од над 350.000 евра. Овие пари се депонирани во две банки, па така таа има 33.000 евра од 2015, додека во „Еуростандард банка“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51.000 евра девизен депозит од 2017.

Таа исто така има и други помали девизни и денарски сметки.

Интересно е што Министерката не пријавила стан на нејзино име, како и превозно средство.