Владата ги повика општините да се подготват гасот догодина да дојде до домаќинствата и компаниите

Понеделник, 26 Август 2019 13:32 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата ги повика општините да се подготват за секундарна гасификација, за гасот како евтин и еколошки енергенс следната година до дојде до компаниите и домаќинствата.

„Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините за да ја градат општинската мрежа за гасот што побрзо да го донесеме до домовите и компаниите“, порача премиерот Зоран Заев при увидот во изградбата на кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Битола.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески порача дека општините треба да ги сработат проектите, за да се почне со секундарна гасификација.

Како што неодамна објавивме, општините Прилеп и Битола веќе склучија договори со компании кои треба да изработат проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа.

Гасоводната делница Неготино-Кавадарци-Битола е изградена 83 километри од вкупно 92, при што директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи очекува дека до крајот на годината таа ќе биде повеќе од 90 проценти завршена.

Од влупно 1,5 милијарди денари предвидени во буџетот за гасификација, до сега се искористени 900 милиони денари, а се очекува 100 процентна искористеност на парите за овој капитален проект.