Дизелот поскапува, цените на бензините остануваат исти

Понеделник, 05 Август 2019 14:10 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 остануваат исти, односно цената на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, а на еуросупер БС-98 изнесува 71,5 денари за литар.

Дизелот поскапува за половина дена на 62 денари за литар.