Љупчо Николовски: Од денес зелена нафта за механизацијата

Среда, 31 Јули 2019 13:10 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделство, на својот профил на Фејсбук објави дека од денес земјоделците ќе може да точат зелена нафта со платежните картички со што истата ќе им биде 30 отсто поевтина.

„Од денес на зелена нафта за механизација..ЗборотВажи“, напиша актуелниот генерален секретар на СДСМ со што започна практичната реализација на најавата дека до крајот на месецот ќе влезе примената на предизборниот владин проект.

Тече и рокот од 60 дена според кој компанијата која го доби тендерот треба да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво Еуродизел. Картичките се доставуваат на земјоделците преку подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Количината на субвенционирана нафта ќе зависи од големината на земјоделските стопанства со што според надлежните ќе се спречат можни злоупотреби. Со мерката ќе бидат опфатени 55 илјади земјоделски стопанства.