Објавен тендерот за првата делница од новиот автопат Скопје – ГП Блаце

Четврток, 25 Јули 2019 13:31 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Власта го објави тендерот за првите 2км од автопатот Скопје-Блаце, од граничниот премин до клучката Блаце. Автопатот ќе има две ленти за возење широки 3,5м и една за застанување. Една клучка кај селото Блаце и 2 кружни тека. Ќе се вози со 100км на час.

Финансиите за автопатот се обезбедени, објавија Вицепремиерот Бујар Османи и директорот на државни патишта Зоран Китанов. Надлежните се оптимисти  дека изградбата ќе почне годинава.Рокот да се изградат овие 2км е 18 месеци. За овој дел претпријатието има обезбедено 10 милиони евра, но колку точно ќе чини ќе каже тендерот.

Во меѓувреме ќе се работи на проектирање и на вториот дел, до Скопје, во должина од 10,5км.

Китанов најави и забрзување на изградбата на Кичево – Охрид. Надлежните денеска ќе го разгледуваат планот за тоа како ќе се одвива динамиката.

Секој изграден километар од автопатот ќе се пушта веднаш штом е оспособен за возење, со цел да се растеретува сообраќајот, вели Китанов.

Според планираното, овој автопат треба да биде изграден до средината на  2021ва година, Китанов уверува  дека ќе се потруди рокот - да биде запазен.