Шуклева и Зиков дел од новото раководство на МЕПСО

Четврток, 25 Јули 2019 13:30 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

По ЕЛЕМ, и државната компанија МЕПСО ќе добие ново раководство.

Ева Шуклева е предложена од Министерството за транспорт и врски за нов генерален директор, додека основачот на неделникот Капитал и новинар Љупчо Зиков, повторно е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во МЕПСО.

Тој и претходно беше предложен за оваа позиција, но во август 2017 година ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство.

Зиков во минатото беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.

На седница на Владата вчера поминаа и имињата на новите директори и членови на одбори на јавни претпријатија, а меѓу имињата се најде и тоа на Ване Цветанов, кој е назначен за в.д. директор на Советот за унапредување и надзор на ревизија.