Анѓушев: До крајот на мандатот просечната плата ќе биде 30.000 денари

Петок, 19 Јули 2019 12:20 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Согласно динамиката на раст, просечната плата до крајот на мандатот ќе биде 30.000 денари, вели вицепремиерот Анѓушев откако Статистика објави дека за месец мај пораснала за 3,1 отсто.

Државата, според Анѓушев, ќе продолжи да го стимулира стопанството да ги зболемува платите за да работниците да бидат задоволни. Со тоа ќе се намали и иселувањето на младите.