Агенција за храна: Во Македонија храната е безбедна

Петок, 07 Јуни 2019 13:59 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во Северна Македонија се јаде безбедна храна. Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вели дека во првите 5 месеци од годината, институцијата со која раководи спровела 50 илјади контроли, а поднела 2 кривични пријави.

 

„Кривичната пријава е за загрозување на здравјето на луѓето со пуштање на небезбедна храна во примет. Во кој, во едниот случај дури имаме доказ дека има настанато штетна последица на самиот корисник“, рече Атанасов.

Статистиката на Агенцијата покажува дека минатата година граѓаните пријавиле 9 случаи на труење со храна. Во пет од нив било утврдено дека постоело труење, а како затруени се водат 172 лица. Атанасов потсети и на случајот со фалсифкувана роба, каде при испитување на свинско или говедско месо, било утврдено присуство на пилешко месо и тоа не било декларирано. За овој прекршок, Агенцијата казнила 7 оператори.

„И преку други програми што ги има е обврзана да врши такви контроли. Ние ги велиме официјални контроли. Се земаат мостри, покрај тоа што се гледа документацијата се земаат примероци и се носат на лабораториски испитувања“, додава Атанасов.

 

Поплаки за квалитетот на храната добиваат и во Агенцијата за заштита на потрошувачи. Иако, оваа година бројот е намален. Од таму апелираат граѓаните најмногу да внимаваат на месото и млечните производи, кои најбрзо и се расипуваат.

„Ја пратиме состојбата постојано. Имаме од година во година намален број на приговори на потрошувачи во делот на исхраната. Тие се однесуваат се уште на нецелосна декларација, нечитлива декларација на производите, производи со поминат рок се уште затекнати во продавници и неквалитетни производи доколку самиот потрошувач може да го оцени ако станува збор за променета боја вкус, затекнал таков производ“, рече Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи.

Годинава, за прв пат глобално се одбележува 7-ми јуни, Светски ден на безбедност на храната. Бројките покажуваат дека во глобални рамки, 600 милиони луѓе се погодени со труење од храна.