Превозниците ќе го поскапат транспортот, граѓаните лути за патарините

Четврток, 06 Јуни 2019 14:15 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Лавина од реакции по најавата на власта дека од следната недела и официјално ќе биде пуштена во употреба првата од двете планирани патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица, кај Гевгелија. Таа ќе биде најскапа од сите други патарини во земјава и за оние што возат автомобили ќе чини 100 денари.

Но давачката на оваа наплатна станица ќе биде највисока и за другите видови превозници, бидејќи во одлуката што ја донела Владата стои дека таа ќе изнесува 160 денари за возилата од втора категорија, каде влегуваат комбиња и автомобили со приколка, потоа 290 денари за возилата од трета, каде спаѓаат автобусите и полесните камиони, и 430 денари за возилата од четврта категорија, каде влегуваат шлеперите и шлеперите со приколка. Доколку користат електронски картички, овие превозници сепак ќе имаат попуст и до 7 проценти.

Превозниците од асоцијацијата МАКАМ-ТРАНС велат дека секое воведување на нова давачка ги зголемуѕва трошоците за транспортерите.

  • Најмногу ќе им се зголемат трошоците на оние што вршат внатрешен превоз, бидејќи и при регистрација се наплаќа патнба такса, а тие што вршат внатрешен превоз не можат да ја повратат. Втора категорија што ќе бидат погодени ќе бидат и оние што возат за соседството, Албанија Косово и слично“, вели Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијација МАКАМ-ТРАНС.

Заедно со зголемената акциза од минатата година, вели Муратовска, новите патарини ќе ги принудат превозниците да ги зголемат цените на транспортот, особено заради тоа што станува збор за давачка што се плаќа во континуитет.

И граѓаните реагираат на новите патарини, сметаат дека станува збор за превисок трошок, особено за нашите граѓани што имаат понизок животен стандард.

Имаат разбирање дека власта треба да обезбеди средства за одржување на патиштата, но велат, оваа давачка ќе биде превисока.

Директорот на јавното претпријатие за патишта вели дека патарините биле предвидени за изградба преку ЕБОР уште во 2014 година, и не ги измислила оваа власт.

  • Биле предвидени но не биле почнати од икс причини, значи не ги измисливме ние. Ако видите во регионот, ние и Србија имаме најниски патарини“, вели Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Инаку, патарините се намалуваат за странците, односно за по половина евро одат надолу цените на напшлатните рампи кај Романовце и Стоби од едно и пол на едно евро.

Моторџиите, пак, кои досега беа обесправени и плаќаа исто како автомобилите, ќе имаат олеснување, за нив ќе важат нови пониски тарифи. За оваа категорија возила цената на патарината се движи од 20 до 60 денари.