Трката за гласови на претседателските кандидати влегува во завршница

Четврток, 02 Мај 2019 14:20 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Мобилизација на гласачкото тело на претпоследниот ден од изборната кампања. Претседателските кандидати го користат секој момент за сопствена промоција обидувајќи се да убедат дека токму некој од нив е вистинскиот избор.

Стево Пендаровски верува дека за него ќе гласаат сите етнички заедници, а цензусот во вториот круг ќе биде поголем од првиот.

ВМРО ДПМНЕ се убедени дека нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе победи во недела со 30 000 гласови ралика.

Очекуваат подршка од гласачите на Блерим Река.

За претседателските избори за прв пат се изјаснија и осумте пратеници од  независната пратеничка група на Вмро Дпмне.

Ја поздравуваат поддршката на Жозеф Дол кон кандидатката за претседател Гордана Силјановска.

Европската Народна Партија беше силен поддржувач на Преспанскиот договор и со ова се покажува дека истиот е прифатен како реалност од Силјановска  и ВМРО ДПМНЕ.

Подршката на Дол значи дека Гордана ги прифаќа предностите на договорот од Преспа, е позитивна промена, се вели во соопштението.