Исклучените од парно ги добија последните сметки, празните станови сепак ќе плаќаат

Понеделник, 22 Април 2019 13:48 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Граѓаните кои се исклучени од парно греење, а кои досега плаќаа паушал за радијаторите и за греењето, ги добија последните сметки со кои беа задолжени да го плаќаат овој фиксен надомест. Впрочем со мартовските сметки завршува оваа обврска, а веќе од април паушалот за нив се укинува. Сепак, обврзници за плаќање остануваат семејствата кои имаат радијатори, кои се исклучени, а кои не живеат во становите, односно не ги затоплуваат во зима. Од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор потврдуваат дека за нив останува обврската да го плаќаат паушалот затоа што, анализата на МАНУ покажала дека тие реално се трошок за колективните објекти.

„Тоа е прецизна анализа и покажа дека со тоа што не загреваат влијаат на затоплувањето и затоа тие ќе мора да плаќаат, велат за Фактор од Регулаторната комисија за енергетика.

Сопствениците на становите ќе треба да докажат дека живеат во станот со лична карта, а ако имаат кираџии тоа дополнително ќе се утврдува.

Инаку „битката“ на граѓаните кои беа исклучени, а плаќаа трае подолго време. Сега се носи и нов правилник со цел да се подобрат условите за користење на парното греење и на тој начин да се поттикнат граѓаните повторно да се вклучат на топлинската мрежа.