Форум за бизнисмените за поглавјето 20 од преговорите со ЕУ

Четврток, 11 Април 2019 12:42 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

ПСМ Фондација следната седмица, односно на 18 и 19 април во скопскиот хотел „Арка“ го организира првиот Интернационален Форум за поглавјето 20.

Настанот на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, има за цел да овозможи вмрежување и размена на добри практики во полето. Форумот ќе претставува одлична можност за иницирање на регионална соработка за креирање на подобри индустриски политики и политики за МСП.

Настанот ќе вклучи повеќе 70 учесници, претставници од регионот, стопанските комори, агенции и организации за поддршка на МСП и компании.

Програмата за форумот е тука.