Секој ден во Зоолошката градина е создаден за љубов

Петок, 29 Март 2019 14:36 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Љубовта, најубавото нешто што може да е случи, а во скопската Зоолошка градина се случува секој ден. 

Жирафите уживаат. Се сакаат. Полни со љубов и топлина.

Животните од скопската зоолошка градина, секој момент го користат за да искажат љубов.

На Фејсбук страната на зоолошката градина, постојано се објавуваат фотографии од тамошните животни. Фотографии кои покажуваат колку им се големи срцата и на животните и на оние кои се грижат за нив. А жирафите се токму едните од нив кои знаат на најнежен и најубав начин да покажат колку се полни со љубов. 

Неодамна фотографии од зоолошката се најдоа и во светските медиуми. Љубовта помеѓу трите жирафи од нашата Зоолошка градина Каспер, Тобого и Флопи и нивниот Зоо негувател Ристе ги освои срцата на многу луѓе шурум светот.