ЕСМ најавува нови инвестиции во РЕК „Осломеј”- Кичевско

Четврток, 21 Март 2019 15:09 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Заменик-генералниот директор на ЕСМ, Фатмир Лимани најави нови инвестиции на ова компанија во РЕК „Осломеј” – Кичевско.

Во интервју за локална телевизија во Кичево Лимани рече дека е планирано во наредните две години во комбинатот да инвестираме во модернизацијата и продолжување на векот на работењето на комбинатот со нов коп на јаглен .

-Со овој зафат околу илјада вработени ќе бидаат безбедни на своите работни места, рече Лимани и додаде дека потоа ќе се работи на исполнување на потребните ИСО стандарди со модерни филтри за еколошки да биде што побезбеден овој регион.

За таа намена предвидено е компанијата да одвои околу 160 милиони евра, а како што рече Лимани за ова проширување потребна е кордининација со општина Кичево.

Тој потврди дека ќе има нови вработувања, но претежно стручен кадар, со фокус на инежнери.

-Изразуваме подготвеност како компанија да продолжиме да стипендираме успешни студенти од факултетите во земјата, но и други проекти од разни сфери во интерес на општеството, нагласи Лимани.

Додаде дека како компанија се подготвени да го почитуваат и имплементираат законот за јазиците, при што тој не очекува никакви проблеми.

-Веќе е предвидено да вработиме и преведувачи за ова намена, а во голема мера е подобрена и етничката и соодветната застапеност на заедниците, иако се уште не е на потребното ниво, посочи тој.