Просечната исплатена нето плата во јануари е 24.517 денари

Среда, 20 Март 2019 15:17 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јануари 2019 година, изнесува 24.517 денари, додека во бруто износ е 36.386 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9,6%), Рударство и вадење на камен (8,3%) и Образование (5,3%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (21,4%), Информации и комуникации (19,8%) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (14,3%)