Таксистите бараат пензионерите да не возат такси

Вторник, 19 Март 2019 15:17 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Воени лица, пензионирани полицајци со врски во сообраќјанта полиција. Во главниот град такси вози секој кој сака дополнителен приход ,а со тоа се изигруваат законите, реагираат од групацијата на авто такси превозници. Избројале 5000 такси возила, а само 2400 лиценци се издадени од градот. Помалку од 500 лица се вработени и пријавени како таксисти.

Закони и правилници постојат. Полицијата казнува, а инспекторите на градот и трудовата никаде ги нема, велат Рајчановски и здружените таксист кои што побараа реакција од сите инспекциски служби.

Град Скопје не знае колку диви такстите возат низ Скопје. Возиал се одземаат, а има и казни од 500 евра. Скопје го штитат само 4-ца овластени инспектори за инспекција на патиштата потврдуваат оттаму.

„Како резултат на активностите на нашите инспектори доделени се 35 решенија за времено одземање на возила, а направени се и голем број на записници каде се санкционираат такси превозници,“ велат од Град Скопје.

Проценките се дека дивите превозници в џеб ставаат над два милиони евра годишно само затоа што ги избегнуваат давачките за придонеси и лиценци.