Просечните семејства нема ни да забележат: Повратот на ДДВ ќе има ефект само кај најбогатите

Понеделник, 18 Март 2019 13:06 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Со мерката поврат на ДДВ, најсиромашните домаќинства ќе можат да си вратат само 738 денари. Ефектите од новонајавената мерка која треба да стартува од средината на годинава, ќе можат да ги почувствуваат само најбогатите домаќинства кои годишно трошат по 1,2 милиони денари. Тие со повратот на ДДВ ќе можат да си вратат средства во висина на една просечна плата, покажува истражувањето на Фајнанс тинк.

Фајнанс тинк објавија инфографик во врска со најавената мерка за годишен поврат на ДДВ по домаќинства.