Димко Митрев од Велес евидентираше 261.000 денари добивка во 2018 година

Понеделник, 18 Март 2019 12:48 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Компанијата Димко Митрев од Велес минатата година ја заврши со добивка од 261.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, добивката на компанијата изнесуваше 913.000 денари. “Во периодот од 01.01. до 31.12.2018 година, Димко Митрев од Велес оствари нето добивка од 261.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е помала за 72%“, стои во Образложението за остварените резултати. Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември 2018 година, изнесуваат 253.173.000 денари.

Продажбата на домашен пазар беше на ниво од 11.677.000 денари, додека поголемиот дел од 241.496.000 денари е реализиран на пазари во странство.