Анѓушев: 17 странски инвестиции се во фаза на реализација

Вторник, 29 Јануари 2019 14:50 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони, Александар Младеновски, ги посетија зоните во Бунарџик и извршија увид во градежните работи на компанијата „Дура Аутомотив“ во ТИРЗ Скопје 2.

По извршениот увид на градењето на производствениот капацитет на „Дура“, кој, според најавите, ќе се простира на речиси 18.000 квадратни метри и каде што се очекува да се вработат околу 500 лица, вицепремиерот Анѓушев потенцира дека ова е само еден од 17-те инвестициски проекти, кои во разни фази се спроведуваат од странски компании од почетокот на мандатот на Владата.

„Претходно, во овие две индустриски зони (ТИРЗ Скопје 1 и 2) работеа 10 компании, а во моментот само тука имаме 12 нови странски инвестиции, кои се реализираат. Зоната е едно големо градилиште, само тука се градат 12 нови објекти и дополнително се реализираат 5 други проекти на странски инвеститори, чија вредност е околу 155 милиони евра. Во првата фаза овие компании вработуваат околу 1.100 лица, а во согласност со нивните бизнис-планови вкупниот број новоотворени работни места треба да достигне над 4.300“, потенцира Анѓушев.

Вицепремиерот истакна дека странските компании ги препознаваат можностите што Владата ги нуди преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и сите нови компании ќе ги користат мерките во согласност со овој закон, а додаде дека и речиси 250 македонски компании во 2018 година добија државна поддршка преку мерките од планот за економски раст.

Објави и една од новите четири инвестиции за кои тој и премиерот Заев изјавија дека донеле одлука за инвестиција во Македонија.

„Новата странска инвестиција, дванаесетта во оваа зона или вкупно седумнаесетта, е индиската компанија ‘Малхотра’, која е во конзурциум со уште една компанија од Јапонија. Станува збор за значителна инвестиција од автомобилската индустрија, која ќе произведува суровини за кабли за други компании“, нагласи Анѓушев.

Директорот на ДТИРЗ, Младеновски, истакна дека извозот на компаниите од зоните во 2018 бележи пораст од 20 проценти и достигна 2,4 милијарди евра.

„Компаниите во зоните растат, и новите и постојните. Тоа се должи и на посветената работа на Дирекцијата за зајакнување на инфраструктурата во ТИР-зоните. Се доградува ТИРЗ Скопје 2 со дополнителни 140 илјади квадратни метри, а се проектира и ТИРЗ Скопје 3. Сериозен напредок има во изградбата на клучката за ТИРЗ Прилеп, водоводната и канализациската мрежа во таа зона се пред завршување. Сите овие работи воопшто не постојеа во таа зона. Работиме на гасификација на ТИРЗ Штип, се заврши водоводот во ТИРЗ Струмица, а ќе почнеме и со градба на терминалот во зоната. Клучката за пристапување кон ТИРЗ Струга е во напредна фаза исто така, водоводната мрежа е ставена во функција, а во ТИРЗ Кичево се работи на изградба на внатрешната инфраструктура, со што ќе се заокружат постојните зони и ќе се пристапки кон изградба на ТИРЗ Скопје 3“, потенцира Младеновски.