Работниците се охрабрија пријавуваат неисплатен К-15

Вторник, 15 Јануари 2019 13:10 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Државниот инспекторат за труд  како што беше најавено ќе треба до крајот на наредниот месец да достави делатен извештај до Владата за извршените контроли.

Околу 250 претставки за неплатен регрес за годишен одмор поднеле работници до инспекторатот за труд откако Министерството за труд и социјална политика  најави дека инспекторите ќе проверуваат дали работодавците исплатиле К- 15.

Државниот инспекторат за труд  како што беше најавено ќе треба до крајот на наредниот месец да достави делатен извештај до Владата за извршените контроли.

Доколу инспекторите при проверките утврдат дека регресот а годишен одмор не е исплатен му оставаат рок на работодавецот да го исплати, ако не го стори тоа му поведуваат прекршочна постапка.