Нови владини огласи – власта тврди дека се вработува само таму каде што е неопходно

Петок, 11 Јануари 2019 11:15 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Девет раководители и четворица службеници бара владиниот секретаријат за европски прашања. Ова е најновиот оглас за вработување во државна администрација со плати од 20 до 31 илјада денари.

Од СЕП велат дека огласот е согласно годишниот план за вработување донесен во март 2018 и одборен од министерството за финасии а најавуваат дека наскоро ќе пополнуваат уште 4 места. Од секретаријатот посочуваат дека европската агенда станува приритетна за разлика од претходниот период

-Низ текот на годините, а поради намалената европска агенда во минатото, Секретаријатот за европски прашања има нето одлив на стручен кадар, како и недостаток од соодветно унапредување на постоечкиот кадар а согласно стекнатото искуство и знаења, велат од Секретаријат за европски прашања.

Од пред Нова година речиси да нема ден без оглас за вработување во администрацијата, што го подигна алармот во јавноста. Царината деновиве дена рапсиша оглас за 78 вработувања на определено. Директорот Ѓоко Танасоски вработувањата ги правда со зголемен обем на работа. Потребата за овие вработувања произлегла уште минатата година а бројот на вработени, вели последниве години се намалува .

За реакциите во јавноста дека повторно се полни обемната администрацијција, откако периодов беа објавени десетици огласи за стотици администратвци, премиерот Заев тврди дека се вработува само таму кај што е неопходно и дека целта е ефикасна администрација. Најави рационализација во институциите во кои има вишок службеници, без некој да изгуби работа а преку реформата која се предвидува трансферирање на административци во приватниот сектор.