МАКЕДОНИЈА

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов негира дека градските советници тајно ја покачиле цената на водата. Тој вели дека структурата на цената на сметката за водата е иста, само што сега граѓаните првпат може да видат дека на сметката се плаќа и одржување на градското зеленило. 
Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок што се одржува во Атина.
Идејата за изградба на трамвај во Скопје, повеќе не е актуелна, бидејќи Владата вчера реши дека ќе поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје.
Без најава се зголемени сметките за вода со додавање на нова давачка, надомест за одржување на јавното градско зеленило. Висината на новата давачка е речиси 20 отсто од износот за снабдување со вода и одведување урбани отпадни води.
Железници на РСМ – Транспорт и Турските железници разговараат за можноста за пуштање во функција на туристички воз Истанбул – Солун – Скопје, јавува Мета.
Честото менување на законската регулатива и ефектите од промените особено во даночните закони врз стопанството, најавата за нова глобална економска криза во 2020г, како и актуелната состојба во сметководствената дејност, беа во фокус на прес конференцијата на Комората на сметководители во Сојузот на стопански комори на Македонија. 
Капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола заврши. Постројката, информираат од компанијата, е синхронизирана со електроенергетскиот систем  и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите.
По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство во компанијата ДУНА.
Иако не е услов за членството на Македонија во НАТО се отвораат прашања околу безбедноста и кинеското влијание во развојот на 5Г мрежата и дигиталната инфраструктура во земјата, потврдија денеска од Владата.