Најбогатите луѓе на светот минатата година биле малку помалку богати, покажуваат новите економските извештаи. Поточно, различните геополитички превирања и нестабилниот пазар на капиталот предизвикале намалување на богатството на милијардерите за првпат во последните десет години.

Пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво ќе бидат изложени денеска на традиционалната и најголема Меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 што се одржува по 40-ти пат, во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

Догодина во рејтингот „Дуинг бизнис“ на Светската банка (СБ) ќе се појави нов индикатор за оценка на процедурите за државни тендери, соопшти Банката.

Народната банка ја задржа проекцијата за раст на економијата годинава од 3,5 отсто, а за следната година предвидува раст од 3,8 отсто. Ова го соопшти денеска на прес-конференција гувернерката Анита Ангеловска Бежовска.

Двојно поголема дополнителна поддршка и не само за две, туку за четири сорти грозје, ќе добијат наскоро лозарите, најави денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски. Тој објасни дека на лозарите ќе им бидат префрлени по два денара за килограм грозје, а не по еден денар како лани. Притоа, освен кај смедеревка и вранец ќе се интервенира и кај кратошија и станушина.

Огромен интерес на граѓаните за вградување на плински уреди во своите возила, откако Министерството за економија го објави јавниот за субвенции до 300 евра за плински уреди за сите граѓани, кои од 1 ноември до 2 декември ќе купат и ќе вградат ваков уред. Тоа е околу 50 отсто од трошоците што треба да се направат за да се вградат овие уреди во возила кои пак не смеат да бидат постари од 2005 година.

На 9 ноември во Охрид ќе продолжат трилатералните средби меѓу властите на Македонија, Албанија и Србија за олеснување на протокот на стоки, услуги, капитал и луѓе. Датумот за одржување на втората средба, во рамки на иницијативата за воспоставување т.н. „мал шенген“, го објави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ.

Европската банка за обнова и развој ги ревидира проекциите за растот на македонската економија за оваа и за наредната година на 3,2 отсто, наместо претходно очекуваните три проценти.

ЕБОР во ноемврискиот извештај за економските перспективи на регионите што ги покрива, наведува дека македонската економија продолжи да се опоравува по решавањето на политичката криза во 2017 година.

Алкалоид АД Скопје информира дека во насока на континуирано вложува во освојување на постојни и нови пазари во странство,  на 21 октомври изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е 100 отсто сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог, соопштија од фармацевтската компанија.

Со поддршка од 1 милион евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Прокредит банка АД Скопје почна со понуда на кредити за поттикнување на зелени инвестиции и енергетска ефикасност во домаќинствата преку ГЕФ (GEFF) програмата.

Франција првпат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од Европската Унија, на кои ќе им биде овозможен влез во земјата, соопшти министерката за труд Муриел Пеницауд.

Страница 10 од 22