Владата денеска во рамки на редовната 164. седница ќе ги утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година. 

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години, во 2017 година изнесуваше 53,6 проценти, а во 2016 година 51,7 проценти.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства.

Ако во 1994 година почна со работа со само двајца вработени, денес, по 25 години, Кнауф Македонија е лидер во производство и продажба на материјали и системи за градба во Северна Македонија но и пошироко, на пазарите во Албанија, Косово Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија, Словачка и Бугарија. Северна Македонија е една од 80-те земји кои се дел од германскиот гигант за производство на гипсени градежни материјали Кнауф, која своите производи ги произведува во 250 фабрики и ги продава на 5 континенти. Минатата година компанијата оствари извоз од 21 милион евра што е всушност 76 отсто од производството во фабриката во Дебар и тоа со пласман на производите во земји од Југоисточна Европа.

Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 отсто во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии (МФ) насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок вo Република Северна Македонија“.

Во Србија може да се заработи повеќе отколку во некои земји во Западна Европа потврдува примерот со заварувачите кои работат на изградбата на гасоводот „Турски тек“.

Во интерес на точно информирање на јавноста сакаме да ги демантираме наводите објавени во дел од медиумите во однос на висината на проектираниот буџет за 2020 година, соопштија вечерва од Министерството за финансии.

Владата неделава треба да го утврди буџетот за наредната година, а за што расправата ја отвори на седница минатата недела.

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долговите до 31 јули и неплатени до 31 октомври, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правни лица.

Се што беше планирано за 2020 година ќе биде во фаза на застој поради предвремените парламентарни избори, оцени денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска.

На 4 ноември беше извршена промената на сопственоста на Охридска банка АД Скопје, со што Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ за 48 милиони евра и официјално станаа новите сопственици на банката. Со стекнување на 91,57 отстоод акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Македонија со пазарно учество од околу 14 отсто.Оваа трансакција исто така претставува и најголема бизнис инвестиција во регионот оваа година. Двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата, нудејќи им производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте групацијата.

Страница 9 од 22

processin

antarias

КОЛУМНИ

logo_web_ekonomist_plavo_BIROKOM.png