Со 59 гласови ЗА, пратениците вчера ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа да изнесува 14.500 денари.

Транспортната компанија специјализирана за патен превоз на нафтени деривати за девет месеци има профит два пати поголем од истиот период лани. Како профит остануваат 24,5 отсто од приходите од продажба, јавува Фактор. 

Рамниот данок моментно е подобар за економски раст, а за воведување прогресивен прво треба да се преброиме. Се уште имаме слон во просторијата – третина територија од земјава е релативно вон даночна контрола. Се плаќаат многу малку даноци. Затоа, прво треба да се изброиме и да видиме колку даноци навистина државата може и треба да собира, а потоа да се навратиме на ова прашање и да видиме, дали ни е потребен дополнителен данок на прогресивен или друг начин, изјави денеска Илија Господинов, заменик-претседател на компанијата „Ендава“ и член на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комјутерски технологии (МАСИТ).

Со оглед на фактот дека нивото на доходот кај нас е само околу 37 отсто од европскиот просек, еден од главните предизвици за нашата економија е постигнувањето повисок степен на реална конвергенција кон економијата на Европската Унија. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на самиот „Македонија 2025“, која учествуваше на панел-дискусијата на тема „Југоисточна Европа: Раст на неизвесности или посветла иднина?“.

Виното „Артизан Кратошија“ на Винарија Брзанов се закити со златна плакета на меѓународниот натпревар на вина и алкохолни пијалаци „Women`s Wine & spirit Awards“ во Лондон.

Буџетот за наредната година е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, а трпат и капиталните инвестиции, смета претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска.

Приватниот сектор е важен генератор за економски раст и затоа Владата останува посветена на креирање на соодветни политики како одговор на клучните предизвици со кои се соочува приватниот сектор, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на презентирањето на Предлог-буџетот за 2020 година и посочи дека преку мерката за субвенционирање на придонеси, мерките за поддршка на претпријатија и активните мерки за вработување следната година ќе се инјектираат 6,7 милијарди денари во приватниот сектор.

Finance Think дава свој коментар за предлог-буџетот за наредната седница што денеска доби зелено светло на владина седница.

Следната година сите кредити што ќе ги земе државата се за враќање на претходно подигнати кредити и за покривање на дефицитот од 2,3 отсто. Нема да има задолжување за плати, пензии и социјални издатоци.

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори вчера го прослави својот јубилеј 10 години години постоење и го одбележа Меѓународниот ден на сметководството со свечен настан организиран во ресторанот „Воденица“. Свое обраќања пред присутните членови на Комората, претставници на Сојузот на стопански комори и на државните институции имаше претседателот на Комората Драган Митковски.

Повисоки плати и пензии, субвенции за земјоделство, за рурален развој, пари за борба против загадувањето на воздухот ќе има со буџетот за следната година, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го предлог буџетот за 2020.

Страница 8 од 22