Тиквешијата ќе биде застапена во Балканскиот вински водич што ќе биде готов следната година и во кој, покрај нашата, ќе бидат претставени уште девет држави од Балканот.

Народната банка отвори Порта за иновации – платформа за комуникација со финтек-секторот. Основна цел на овој нов и значаен проект е да се поддржи и да се поттикне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи, соопшти НБ.

Формирање меѓународна комисија на експерти е предвидено со Договорот од Преспа и како таква ќе се промовира, пишува денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на надлежни извори, во однос на отворената дискусија откако Грција го промовираше слоганот и логото за производите од северниот дел на земјата под етикетата „Macedonia the Great“, јави МИА од Атина.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на септември лани.

Охридска банка ja проширува промотивната понуда на кеш, хипотекарните и станбените кредити од своето портфолио. Со воведување на нови промотивни услови, клиентите имаат можност за лесно исполнување на желбите и креирање на долгорочни финансиски планови, како и стабилно инвестирање во недвижен имот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 99.1.

Напуштањето на прогресиовниот данок и зголемувањето на платите во администрацијата и на пензиите, што се планира од идната година би можеле да ги поткопаат неодамнешните придобивки што беа направени во делот на фискалните политики. Со зголемување на минималната плата нема да се намали сиромаштијата, таа е кај невработените, а може да го намали формалното вработување наведува Мегународниот монетарен фонд во најновиот извештај.

Брзото одобрување на средствата и каматната стапка се најважните услови за граѓаните при изборот од каде ќе земат кредит кога им се неопходни средства. Меѓу важните критериуми ги наведуваат и тоа дали им треба жирант, колку вкупно ќе вратат, а кај некои само колку ќе биде ратата за кредитот. На располагање им се различни понуди од банките, кои истакнуваат дека секогаш сакаат да излезат во пресрет на барањата на потрошувачите.

Прометот во индустријата, вкупно, во септември годинава е намален за 0,9 отсто во однос на ланскиот септември, а е зголемен за 17,4 отсто во споредба со претходниот месец, додека во првите девет месеци од годинава има раст од 7,2 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

ОКТА го почна третиот квартал од 2019 година со значително зголемена профитабилност, пред сè поради континуираниот раст на обемот на продажба на домашниот и на странскиот пазар, позитивниот ефект од оптимизацијата на оперативните трошоци, како и ефикасниот менаџмент на индиректните трошоци.

РЕК Битола до крајот на годината ќе добие А-интегрирана еколошка дозвола, изјави генералниот директор на Комбинатот, Златко Ќурчиевски.
Според Ќурчиевски, последната фаза до долгоочекуваната дозвола е поврзана со одржувањето на јавната расправа што треба да ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Страница 7 од 22