„Централна кооперативна банка” (ЦКБ) соопшти дека во првите девет месеци од годинава забележала нето загуба од шест милиони денари (98.000 евра).

Собранието ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од 10.000 на 20.000 евра. Мерката ќе биде за започнување и вршење на земјоделска дејност.

Депозитите во октомври годинава бележат месечен раст од 0,4 отсто, што е резултат на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на растот на депозитите кај корпоративниот сектор, објавува Народната банка.

Од 1 до 15 декември ќе почне на сметките на граѓаните ќе легнат парите од повратот на ДДВ од мерката МојДДВ. Повратот на дел од данокот ќе се реализира како што предвидува и Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица на нивните трансакциски сметки.

На потрошувачите од денеска им е достапна веб платформата Switch.mk на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која може да направат споредби на дополнителните понуди од страна на активните снабдувачи на пазарот на мало со електрична енергија и да добијат јасни и сеопфатни и ажурирани информации за цените на струјата, периодот на траење на договорот за снабдување, фактурирањето, како и другите услуги поврзани со снабдувањето.

Германскиот производител на автомобилски мотори „Континентал“ соопшти дека ќа го намали своето производство заради тоа што построгите правила за емисијата на штетни гасови ќе може да ја намалат побрувачката за компонентите за моторите со внатрешно согорување, што до 2028 година ќе резултира со укинување на 5.040 работни места.

Иако последиците од глобалната финансиска криза во голема мерка се надминати, сепак банкарските системи од нашиот регион сѐ уште се соочуваат со потребата за натамошно зајакнување на финансиската стабилност, што треба да овозможи и солиден прудентен раст на кредитната поддршка, вели гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска.

Трошењата на државните пари од денеска се на увид на јавноста. Преку веб платформата „Отворени финансии“ може да се погледнат сите плаќања на државните институции и примателите на средствата. Достапни се трошењата од 2010 година наваму, а во иднина ќе се објавуваат податоците на 15 дена.

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка ги следи трендовите, ние сме стабилна држава и можеме да реагираме, рече Премиерот Заев на јавната дебата по повод Предлог-буџетот за 2020 година на НРТВ, поврзано со извештајот на меѓународниот монетарен фонд.

Владата усвои измени на Законот за данокот на додадена вредност со кои предлага прагот за задолжителна регистрација на ДДВ обврзници да се зголеми од милион на два милиона денари.

Среда, 20 Ноември 2019 07:21

Почнува откупот на тутунот

Тутунскиот комбинат од Прилеп и „Сокотаб“ – Битола денеска треба да ги отворат пунктовите за преземање на годинашната реколта тутун со што и официјално ќе почне откупната кампања.

Страница 6 од 22