Од овој месец стартува примената на Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Висината и условите за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата се уредени со овој Закон (Службен Весник на РСМ 239 од 19.11.2019 година).

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Финтек-форумот 17 + 1 на високо ниво во Вилнус, што го организираа Банката на Литванија и литванското Министерство за финансии.

Од денеска до 25 декември 2019 може да се поднесуваат барања за дополнителните два денара поддршка за лозарите со која се опфатени сортите смедеревка, вранец картошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се непроменети на месечно ниво и повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистка.

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планиран 2 милијарди и 400 милиони денари. Барањата за субвенционирањето работодавачите ги поднесуваат преку месечната пресметна за интегрирана наплата до УЈП, каде проверуваат дали условите се исполнети и му прават пресметка за износот на субвенционирани придонеси.

Граве Осигурување го купува Еуролинк осигурување, дознава Фактор повикувајќи се на доброупатени извори.

Среда, 27 Ноември 2019 15:20

„Фершпед“ го продаде „Сковин“

„Фершпед“ го продава „Сковин“, трговските марки на овој бренд, како и недвижниот и движен имот за вкупна сума од 3,4 милиони евра. Одлуката на компанијата е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Сојузот на стопански комори со воспоставениот договор за соработка со Управата за јавни приходи отпочна со стратешки цели за сузбивање на сивата економија преку превземање конкретни чекори за постапување и заедничка акција, рече претседател на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска во своето обраќање по повод 25 години јубилеј УЈП.

Домашните и интернационалните компании во земјава соработуваат, но тоа не е доволно. Потребна е поинтензивна соработка, а за тоа клучни се три фактори и тоа добар квалитет на производот, конкуретна цена и капацитет на производство, покажуваат анализите спроведени од страна на „Finance Think“ и Центарот за управување со промени.

Сивата економија се уште претставува проблем за бизнис секторот кој бара да не се толерираат оние кои не плаќаат даноци. Од Управата за јавни приходи, која денеска прославува 25 години од постоењето, велат дека прават контроли и очекуваат сите процеси што ги имплементираат да придонесат кон намалување на нелојалната конкуренција.

Ванчо Чифлиганец преку својата компанија „Адора Инженеринг“ продолжи да ја зголемува сопственоста во „Комерцијална банка“, откако купи 5.300 акции за кои плати 521.000 евра или околу 100 евра по акција.

Страница 4 од 22