Новиот правилник за даночење на нови и половни возила, кој треба да стапи во сила од 1 јануари 2020 година предвидува возилата што повеќе загадуваат да плаќаат и повисоки давачки. Во своето гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, првиот цариник, Ѓоко Танасоски, вели дека промената на цените на возилата не се очекува да се почувствува во првата година туку процесот ќе се одвива постепено.

Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.12/2019 за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност, како и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи.

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе ја заврши со рекорден приход прибран од патарините. Во периодот јули – септември 2019 година од овој надоместок се инкасирани 13,7 милиони евра во буџетот на ова претпријатие, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, но и натаму се присутни неизвесноста и ризиците од надворешното окружување, како и од домашниот контекст, оценил на седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Советот за социјална сигурност денеска ги поддржа законските измени со кои од идниот месец ќе се зголемат пензиите за сите пензионери за 700 денари.

Конфедерацијата на слободни синдикати го поздравува зголемувањето на минималната плата, но бара усогласување со платите во јавниот сектор.

Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон“, кое вчера требаше да се одржи во Основен суд-Штип е одложено за 26 месецов. На ова собрание на доверители треба да се одлучи судбината на поранешниот градежен гигант. Опциите се ликвидација или реорганизација на компанијата.

Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа. Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.

На иницијатива на Народната банка ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот кај нас.

Владата ќе одговори на 12 од 30 барања за намалување на царинските стапки доставени од странските инвеститори во земјава, соопшти премиерот Зоран Заев.

Страница 2 од 22