БИЗНИС

Агенцијата за пошти смета дека утврдениот датум (1 јануари 2020 година) за либерализација на поштенскиот пазар не треба да се менува, рече директорката на АП Билјана Аврамовска Ѓореска денеска на 14. јавна седница на регулаторното тело за поштенската област.
Аутсорсинг-индустријата во земјава до 2022 година се очекува да надмине 15.000 вработени, што е три пати повеќе од 2018 година, кога вработувала 5.713 лица. Платите во оваа дејност изнесуваат 717 евра и се 82 отсто повисоки од државниот просек. Растот им е 14,9 отсто на годишно ниво или тројно повеќе од растот на просекот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 99.1.
На крајот на првиот квартал од 2019 година јавниот долг достигнал 85,9 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) кај 19-те земји-членки на еврозоната. Истиот тој се зголемил во споредба со четвртиот квартал од 2018 година, кога долгот изнесувал 85,1 од БДП. Од друга страна, во ЕУ-28, долгот се зголеми од 80 на 80,7 отсто. Сепак, во споредба со првиот квартал од 2018 година, јавниот долг е помал и во двете групи. Во еврозоната од 87,1 отсто од БДП е симнат на 85,9 проценти. Додека, пак, во ЕУ-28 долгот од 81,6 се намалил на 80,7 отсто од БДП. На крајот на првиот…
Компаниите од денеска може да поднесуваат барање за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите по новите изменети услови, кои според Владата се олеснети и можат да ги користат над 4.000 фирми. Измените се донесени, а правилниците во Министерството за економија се потпишани минатата недела и објавени во Службен весник, со што почнува можноста фирмите да аплицираат за средствата кои се во износ од 75 милиони евра. Од Владата велат дека измените се во насока на поголема поддршка на индустријата и економијата, а се опфаќаат фирми што не беа опфатени првично со Законот. Со нив барање за финансиска поддршка…
Објавен е првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани на 11 парцери државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод. Компаниите што ќе сакаат да инвестираат ќе мора да издвојат 650.000 евра за изградба на централа од еден мегават. Потребена е банкарска гаранција од 75.000 евра, комуналната такса чини 10.000 евра и за приклочок на мрежата ќе треба да платат уште 20 до 30.000 евра во зависност од локацијата. – Доколку сте компанија што знае што прави, банките тоа треба да го препознаат и со некое сопствено учество од 20 до 30 проценти може да отпочнете инвестиција, а остатокот да…
Неколку недели подоцна ќе биде објавен и тендерот за изградба на фотоволтаици на приватни површини, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Првиот тендер за доделување државни локации за изградба на фотоволтаици ќе биде објавен во понеделник. Неколку недели подоцна ќе биде објавен и тендерот за изградба на фотоволтаици на приватни површини, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. На тендерот ќе се даваат површини на две локации. Едната е во Македонски Брод каде што ќе биде обезбедено производство од 10 мегавати, а другата е во Свети Николе каде што ќе се овозможат 25 мегавати. Или вкупно 35…
487 фирми аплицирале во Фондот за иновации годинава, што значи дека двојно е зголемен интересот на фирмите за разлика од лани. Ова го изјави директорот на Фондот Јован Деспотовски. Првиот јавен повик заврши на 15 мај. За целата година предвидени се средства во вредност од 10 милиони евра, а 5 милиони евра ќе бидат распределени на фирмите кои ќе ја поминат евалуацијата која треба да заврши во јули. Деспотовски истака дека критериумите се исти како лани. До сега компаниите не доставиле пријава дали во сопственичката структура има лица на функционери. Годинава аплицирале и 35 приватни здравствени установи. Вицепремиерот за економски…
Улогата на внатрешната и екстерната ревизија во заштитата на акционерите и заинтересираните страни и квалитетот на финансиското известување и интерните контроли беа главните теми на кои дискутираа претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции во рамките на едукативниот настан The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, што го организираа Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори. На панел дискусијата со наслов Квалитетот на финансиското известување и Интерните контроли – Уверување помеѓу Менаџментот, Интерната и Екстерната ревизија говореа Глигор Бишев, генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија, Тони Стојановски, генерален директор за…
Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26. Април) ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Претходно во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ). Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини. Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење.…