ФИНАНСИИ

Иако последиците од глобалната финансиска криза во голема мерка се надминати, сепак банкарските системи од нашиот регион сѐ уште се соочуваат со потребата за натамошно зајакнување на финансиската стабилност, што треба да овозможи и солиден прудентен раст на кредитната поддршка, вели гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска.
Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка ги следи трендовите, ние сме стабилна држава и можеме да реагираме, рече Премиерот Заев на јавната дебата по повод Предлог-буџетот за 2020 година на НРТВ, поврзано со извештајот на меѓународниот монетарен фонд.
Народната банка отвори Порта за иновации – платформа за комуникација со финтек-секторот. Основна цел на овој нов и значаен проект е да се поддржи и да се поттикне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи, соопшти НБ.
Охридска банка ja проширува промотивната понуда на кеш, хипотекарните и станбените кредити од своето портфолио. Со воведување на нови промотивни услови, клиентите имаат можност за лесно исполнување на желбите и креирање на долгорочни финансиски планови, како и стабилно инвестирање во недвижен имот.
Прометот во индустријата, вкупно, во септември годинава е намален за 0,9 отсто во однос на ланскиот септември, а е зголемен за 17,4 отсто во споредба со претходниот месец, додека во првите девет месеци од годинава има раст од 7,2 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Транспортната компанија специјализирана за патен превоз на нафтени деривати за девет месеци има профит два пати поголем од истиот период лани. Како профит остануваат 24,5 отсто од приходите од продажба, јавува Фактор. 
Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори вчера го прослави својот јубилеј 10 години години постоење и го одбележа Меѓународниот ден на сметководството со свечен настан организиран во ресторанот „Воденица“. Свое обраќања пред присутните членови на Комората, претставници на Сојузот на стопански комори и на државните институции имаше претседателот на Комората Драган Митковски.
Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Европската банка за обнова и развој со кредит од еден милион евра ќе поттикува инвестиции во зелена енергија во земјава. Средствата, како што информираат од ЕБОР, ќе се пласираат во Прокредит банка Македонија, а ќе се користат за подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови што создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата. Корисници ќе бидат домаќинставата,…
Политичките случувања го ставаат под знак прашалник предвидениот економскиот раст во државата за следната година. Иако прокциите на Министерството за финансии се раст на БДП од 4,2 проценти догодина, регуларните или можни предвремени избори негативно ќе влијаат на економскиот раст, велат економските експерти. „Слушаме дека се можни и предвремени, меѓутоа Македонија ќе има регуларни парламентарни избори. Значи дали ќе бидат пред или во текот, а знаеме дека во годините кога имаме избори, добар дел од проектите застануваат заради изборниот процес…“, вели Зоран Ивановски, универзитетски професор. Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ги посочи…
Светска банка ја ревидираше нагоре прогнозата за раст на македонската економија за оваа година, од 2,9 на 3,1 отсто, и во својот најнов регионален извештај оцени дека Северна Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај растот, за разлика од другите држави во регионот кај кои има забавување. Со овие прогнози земјава е подобра од Албанија, чиј БДП ќе порасане за 2,9 отсто, и Црна Гора, со стапка од 3 отсто, а ист раст како нашиот ќе има Босна и Херцеговина. Затоа, пак, многу подобро од нас е Косово, со очекуван…